Во текот на невремето што попладнево го зафати Охридско -преспанскиот регион во Охрид наврнале 42 литри дожд на метар квадратен соопшти Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Невремето беше проследено со ветер со брзина од 90 километри и силни електрични празнења .
Обилните врнежи на повеќе места во градот предизвикаа поплави, што го отежна движењето на возилата и пешаците.


Во населбата Канео силната вода носела земја и камења и оштетила дел од плажата Потпеш.

Веднаш по престанокот на дождот започна санација на плажата која за кус период беше вратена во првобитна состојба, а купиштата земја што беа отстранети од песокот останаа да сведочат за силината на невремето што денеска беснееше во охридско.


И преспанскиот регион попладнево беше зафатен од силно невреме, а благодарение на навремените информации на УХМР Македонија со пет ракети разбиени биле облаците со град, со што се спречени посериозни последици врз засадените градинарски култури и овошките во ова подрачје.
OhridNews