Во рамките на Проектот  “Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија” кој Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации (UNIDO) го имплементира заедно  охридскиот и тиквешкиот регион како и Министерството за економија на РМ, општина Охрид како партнер во проектот ги повикува заинтересираните граѓани да се пријават на обука за основи на лозарство и енологија (Обука за сомелиери) во Охрид.

Цел на обуката е едукација на лицата кои се одговорни за производство на вино, селекција на виното во угостителските објекти, комбинација на виното со храна и протоколот на сервирање на виното.

Обуката која ќе ја води стручен тим на сомелиери од Камник хотел и винарија, ќе се одржи на 13- ти и 14- ти декември, во ресторан Ројал Вју со почеток во 10.30 часот. Обуката е наменета за винарии со производство од мал обем, винарии кои имаат ресторани во своите објекти и угостителски објекти од регионот на Охридското езеро, заинтересирани да обучат сомелиер како дел од својот тим.

Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален економски развој  со заедничката имплементација на овој Проект, сака да даде свој придонес во подобрувањето квалитетот на услугите во туризмот и угостителството во Охрид.

OhridNews