Во одбележувањето на Светскиот ден на борба против СИДА, 1-ви Декември, вклучени се и Црвениот крст од Охрид и невладината организација „Опција“. На специјално поставени пунктови на Плоштад, активисти на овие организации цела следна недела ќе делат флаери со едукативен материјал за заштита од СИДА, како и презервативи.

Во Македонија официјално се регистрирани 102 лица со ХИВ/СИДА. Педесет и пет од нив веќе се починати. Во моментов 12 лица се на третман со антиретровирусна терапија.
Македонија деновиве ја промовираше новата стратегија за борба против СИДА 2007/2011 која е фокусирана на пет стратешки области и тоа првенција на ХИВ инфекцијата кај групите под најголем ризик, други превентивни стратегии со поширок опфат, обезбедување третман, грижа и поддршка на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, собирање и користење стратешки информации.
Ќе се делат флаери цела следна недела
Активностите по повод Неделата на борба протв сидата од понеделник се селат во основните и средните ушилишта во Охрид.
С.К.












