21-ви март, Светскиот ден на лица со Даунов синдром одбележан беше и во Охрид. Дауновиот синдром е хромозомопатија која се јавува на 21-от хромозом па така овие лица наместо два имаат три хромозоми.

Сакајќи да испратат порака за неопходна и безрезервна инклузија на лицата со Даунов синдром во сите сегменти на живеењето, членовите на женскиот Лајонс клуб „Деница“ од Охрид, на симболичен начин се приклучија кон одбележувањето на овој ден. Тие облекоа шарените чорапи во знак на поддршка и прифаќање на лицата со Даунов синдром. 

–Сметаме дека не треба да постојат никакви предрасуди кон лицата со Даунов синдром. Напротив, треба да се работи на нивна инклузија во сите сегменти на општеството, каде живееме и делуваме секојдневно. Нивното прифаќање како еднакви на нас од денот на нивното раѓање во голема мера може да им помогне понатаму во животот да се образуваат, да станат работоспособни, да можат да се грижат за себе, а и да дадат позитивен придонес во општеството.- истакнуваат од ЛК „Деница“, каде членува лице со Даунов синдром, кое пренесува прекрасна енергија во клубот. 

OhridNews