Со свеченост на која присуствуваа блиски, пријатели, деловни соработници и гости, синоќа во Охрид официјално беше отворена Специјалистичката ординација по орална хирургија „Oralux Dental & Aesthetics“, нов современ стоматолошки центар кој ќе нуди услуги од областа на оралната хирургија, имплантологијата, општата стоматологија и естетиката.

Лоцирана на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ бр. 5 во објектот на поранешната Стопанска банка во центарот на Охрид, ординацијата е современо опремена и е создадена со цел на пациентите да им понуди комплетна стоматолошка грижа на едно место, следејќи ги највисоките професионални стандарди.

Фокусот на „Oralux Dental & Aesthetics“ ќе биде ставен на орално-хируршките интервенции, вклучувајќи поставување дентални импланти, вадење умници и посложени хируршки процедури, но пациентите ќе можат да добијат и целосен спектар услуги од општата стоматологија – превентивна, конзервативна и естетска стоматологија, како и третмани од областа на естетиката на лицето.

Тимот го предводи д-р Емилија Цоцеска, специјалист по орална хирургија со 14-годишно искуство во стоматологијата, од кои седум години во областа на оралната хирургија. Таа магистрирала во Лондон, поседува бројни меѓународни сертификати и континуирано ги надградува своите знаења преку стручни обуки и едукации во земјата и странство, следејќи ги најновите светски трендови во стоматологијата, хирургијата и медицинската естетика.

Концептот на „Oralux Dental & Aesthetics“ е пациентите да добијат сеопфатен пристап, од превенција и дијагностика, преку современи хируршки протоколи, врвна опрема – 3Д реннтген, апарат за најпрецизна дијагностика и планирање, „Face scener“, интраорален скенер, до функционална и естетска рехабилитација, со акцент на безбедноста, индивидуалниот пристап и долгорочното орално здравје, вели д-р Емилија Цоцеска.

Ординацијата ќе работи од понеделник до петок, од 9 до 17 часот, а услугите ќе бидат достапни за пациентите од Охрид, Струга и поширокиот југозападен регион.

Со отворањето на ваков специјализиран центар, Охрид добива нова современа здравствена услуга која, покрај локалните пациенти, има потенцијал да придонесе и кон развојот на здравствениот туризам, нудејќи висококвалитетни стоматолошки услуги во најатрактивната туристичка дестинација во земјата.

Фото галерија:

Во Охрид отворена специјалистичката ординација „Oralux Dental & Aesthetics“ – современ центар за орална хирургија, стоматологија и естетик

OhridNews Promo
Фото: Анамарија Момироска