Во летниот период Охрид ќе биде домаќин на низа културни, забавни и музички настани, кои ќе треба да ги задоволат апетите на најпребирливите гости кои ќе престојуваат на ривиерата.

Почнувајќи од 54- то издание на фестивалот „Охридско лето“, 21-то на „Охрид фест – Охридски трубадури“, концертот на македонската дива Каролина Гочева, диџејот Дерик Меј и Македонската филхармонија, Цеца, петтото фестивалско издание на „Грин Бич“ со њујоршкиот легендарен ди-џеј Дени Тенаглиа, „Love and Happines“ фестивалот на Градиште со Judge Jules, гостувањето на Jason Falzone, па се до настапите на Владимир Четкар, Горан Папаз и Петар Маркоски и свирките на охридските рок панк и хард-кор бендови, Охрид ова лето нуди исклучително богата програма за сите генерации.

Хронолошки гледано, сезоаната на настани започнува на 10-ти овој месец со промоцијата на новата песна на Петар Маркоски и Горан Папаз во „Kadmo Bar“.

Со голем спектакл на оперската дива, Барбара Фритоли, и на еден од најголемите баритони на денешницата, Лео Нучи, во придружба на Македонската филхармонија, на сцената на Античкиот театар на 12 јули ќе биде отворено годинешното 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Во текот на 40-тите фестивалски денови, најавени се голем број на светски познати имиња кои оваа година ќе се погрижат да го издигнат фестивалот на едно повисоко ниво. На 26-ти јули ќе се одржи концерт на најпродаваниот кросовер пијанист Максим Мрвица, додека на 1-ви август ќе биде настапот на мега-популарните „The Voca People“ на сцената на Античкиот театар.  

На 17-ти јули во Охрид ќе настапи охриѓанецот Владимир Четкар, додека на 25-ти македонската дива Каролина Гочева ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид како дел од проектот “Македонско Девојче”.

За 26-ти овој месец во клубот „Арена“ е закажана свирка на охридскот метал-кор состав Harfaced, а покрај нив ќе настапат уште охриѓаните The Author, скопските Новиот Почеток и битолскиот состав ATA.

Истиот ден, плажата градиште ќе биде место каде ќе настапи лондонскиот ди-џеј Judge Jules, креаторот на најпознатото радио шоу за електронска музика „Global Warm Up“. На 30-ти на истата плажа е закажан настапот на њујоршкиот ди-џеј Jason Falzone.

Месец август ќе биде отворен со петото фестивалско издание на Green Beach Festival, а крај брегот на плажата „Парк“ ќе се појави њујоршкиот легендарен ди-џеј Дени Тенаглиа.  Истиот ден, во Охрид доаѓа српската турбо-фолк ѕвезда Цеца, како дел од летната турнеа.

На 2-ри август на Античкиот театар во Охрид ќе биде изведен музичко-сценски настан „Музика универзалис“, на кој  диџејот Дерик Меј, еден од пионерите на детроитската техно-сцена, ќе настапи заедно со Македонската филхармонија. Концертот ќе биде спој на електронска и класична музика на симфонискиот оркестар, проследена со светлосни ефекти, видео и аудио поддршка како и специфични костими.

После години пауза, за 7-ми август во Охрид е закажана Oi-punk! свирка, на која нови музички материјали ќе промовираат охридските „Комунална Хигена“ и „The Author“, скопската скинхед дружина „Контра“ и пробиштипскиот бенд „Прв Ред“.

Овогодинешното 21-во издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ ќе се одржи од 20-ти до 23-ти август на градскиот кеј во Охрид. „Трубадурите“ ќе бидат отворени со детскиот фестивал „Чунга  лунга“, следат фолк и поп вечерите, а фестивалот ќе биде затворен со интернационалната вечер.

Во прилот на туристичката сезона оди продолжувањето на работното време на угостителските објекти, одлука која неодамна беше потврдена на седница на Советот на општина Охрид.

На жешката понуда се надоврзува и OhridNews кој и ова лето подготви бројни изненадувања за читателите.

O.T.