На 23 мај 2018 година во НУ Библиотека “Григор Прличев”–Охрид со почеток во 12 часот ќе се одржи редок културен настан со исклучително значење: предавање за уметничкиот превод со поетски портрет на Анита Вуцо од Рим, Италија.

Предавањето содржи навраќања на актуелни проблеми поврзани со теоријата на преводот, додека поетското претставување е одраз на нејзините погледи кон поетската уметност.

Вовед на настанот ќе даде Стела Босилковска Маја, професор на Педагошкиот факултет во Битола.

OhridNews