Во Охрид регистрирани 390 зависници од дрога, но црната бројка е многу поголема!
01.06.07 01:13
Во Охрид официјално се регистрирани 390 зависници од дрога, но црната бројка е многу поголема, велат експертите. Во светски рамки таа бројка од официјалната отстапува за осум пати вели Жанета Никоска Стојкоска-портпарол на Координативното тело за превенција на болестите на зависност.
Сега има недостаток на координација, МВР има едни податоци, Дневниот центрар за корисници на дроги располага со други и затоа е потребно да се направи ново изтражување кое ќе овозможи да се изгради база на податоци која ќе овозможи прецизна евиденција на зависниците од дроги во Охрид, вели Стојкоска.
Во последно време нногу се зборува а многу малку се прави за превенција од болести на зависност. Во Охрид постојат две установи кои ги третираат последиците од злоупотреба на дроги, Дневниот центар за корисници на дроги и невладината организација Опција, меѓутоа превенцијата е запоставена, вели Стојкоска. Советот на 35 седница ја усвои програмата за борба против болестите на зависност кој треба да овозможи координација помежу специјализираните институции, но и широка мобилизација на пошироката јавност и медиумите во спречување на причините за зависност од разни видови супстанци.
Проектот ќе трае 3 години. Во првата фаза, наречена универзална превенција ќе бидат и опфатени учениците од основните и средни училишта, родителите,стручните работници во училиштата и предметните наставници, додека во втората фаза ќе се премине на работа со ризичните групи.
За дрогата премалку се зборува а фактите даваат една лоша слика за случувањата во градот. Тоа треба да не загрижи да не натера сите заедно, целокупната јавност многу поактивно да се вклучиме во превенција и сузбивање на болестите на зависност, велат од Координативното тело за борба против болестите на зависност.
Охриѓанецот Ивица Поповски кој боледува од тешка бубрежна болест успешно е опериран во Турција и сга му следи опоравување Тој преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите хумани граѓани кои му...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз...
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, ќе бидат п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.