Во регистарот на туристички водичи што го води Одделението за туризам во Секторот за туризам и локален економски развој на општина Охрид, деновиве е регистриран 59-от туристички водич со валидна легитимација, соопшти локалната самоуправа.

Регистрацијата на туристички водичи се врши според Законот за туристичка дејност, а легитимациите според посебна процедура ги издава Здружението на туристички водичи на Македонија.

-Преостанува да се надеваме на натамошно доследно спроведување  и применување на законот како и соодветно санкционирање на прекршителите со оглед на фактот дека голем дел од забелешките на гостите, туристите, па и домашната јавност, се однесуваа токму на хаосот во оваа сфера и појавата на самопрогласени туристички водичи или придружници. Тие, благодарение на несредените состојби во државните органи задолжени за туризмот како економска гранка, можеа своеволно да   се декларираат и вршат дејност иако не само што не се регистрирани за тоа, туку ги има и такви кои немаат доволно познавања од историјата, културата, наследството…а што даваше искривена слика за Охрид и неговата околина кај туристите, велат од локалната самоуправа.

Ohridnews