Студиото за танц „СОНАТА“ од Охрид во соработка со аматерската театарска група „АМАТЕР“ започнуваат со подготовка на проектот „Кукли и маски и други грди скаски“.

-Станува збор за мултимедијален проект во кој ќе бидат испреплетени актерската игра, музиката и танцот и сето тоа ќе биде збогатено со многу видео и светлосни ефекти. Тема на претставата се неколку „грди приказни“ кои го мачат човештвото, велат организаторите.

Концептот по кој се работи оваа претстава е на Даниел Наумовски, кој заедно со Јетон Мусли и Олгица Симеонова ги креираат кореографиите за актерите и танчерите. Дел од видеопродукцијата ќе биде и Натали Башоски, познатата охриѓанка која студира филм на академијата во Њујорк.

Според најавите, претставата ќе се одигра почетокот на месец февруари 2016 година.

OhridNews