Вечерва со почеток во 18:30 часот во Центарот за култура – Охрид, Глобалната Македонска Фондација ВЕЧНА ќе го организира третото издание на платформата за јавен интелектуален дијалог „Гласот на вечноста“, под наслов: „Македонија – духовната порта на христијанството во Европа“

Во време кога историското наследство, културниот идентитет и духовната традиција добиваат сè поголемо значење во јавниот простор, „Гласот на вечноста“ создава академска и јавна платформа за аргументиран дијалог заснован на научни истражувања, историски извори и културна меморија, потенцираат.
Во рамки на настанот предвидени се воведни обраќања, академски предвања, како и културна програма.
OhridNews













