Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година се издадени 509 одобренија за градење на ниво на држава, што е за 88,5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Во месец октомври во Охрид се издадени 7 одобренија за градби од кои 4 на физички, а три на правни лица. Во овие градби се предвидени 92 стана на површина од 7 263 м2. Од нив 59 двособни, 30 трособни, 2 четворособни и 1 шестособен стан. Во Струга е издадено само едно одобрение за градба на физичко лице, велат податоците на ДЗС.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење на ниво на држава, 321 (63.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 57 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 131 (25.7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 509 објекти на ниво на држава, на 299 (58.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 210 (41.3 %) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период на ниво на држава е предвидена изградба на 2 311 станови, со вкупна корисна површина од 164 243 м2.
Н.С.Ј.












