Променливо облачно и свежо, претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, велат од УХМР.  Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а дневните од 13 до 21 степен.

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Утринска температура до 11 степени, а дневна до 17 степен.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.