Времето денес сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во Охрид времето сончево и топло со локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 28 степени.

 

До петок ќе се задржи стабилно и топло време. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews