
Сите заинтересирани граѓани од општина Дебарца може да присуствуваат на јавната расправа, односно жителите од селото Волино каде ќе минува коридорот на далекуводот.
Јавната расправа е организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и МЕПСО заедно со консултантот кои ќе ги презентираат оправданоста на проектот и Студијата за ОВЖС.
Инаку, инвеститорот АД Македонски електропреносен систем оператор- АД МЕПСО –Скопје ја достави Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за овој проект и истата е достапна за увид
OhridNews











