Во рамки на активностите за подобрување на секојдневното живеење на жителите од општина Дебарца, овие денови во селото Песочан се врши реконструкција на јаз(бразда).

Како што информираат од општина Дебрца, се работи за инвестиција чија вредност изнесува 260.000,00 денари обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.

Браздата е со должина од 200 метри и претставува значаен зафат за жителите на с.Песочан особено во летниот период кога е од исклучително значење за наводнување на земјоделските површини.“ – велат од општина Дебрца.

Инаку, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, вчера ги согледа градежните работи кои се изведуваат на овој потег, истакнувајќи надеж дека временските услови ќе бидат поволни за довршување на градбата во селото Песочан.

OhridNews