Во петок, 21-ви септември, актерите од охридскиот Народен театар ќе ја изведат претставата „Стаклена менажерија“ со која беше отворен театарскиот дел од годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата е работена според текст од Тенеси Вилијамс, во режија е на Софија Ристевска Петрушева.

Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски. Превод: Јасмина Петровска, Сценограф: Михаел Димитровски, Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски, Кореограф: Кире Миладиноски, Фото и дизајн: Петар Тасевски.
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, вели Софија Ристевска Петрушева.

Билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот. Билетите с епродаваат по цена од 200 денари.

OhridNews