Во петок, 10-ти март, на репертоарот на Народен Театар Охрид е претставата „Импровокација“. Ова е трета „епизода” од втората сезона на мега-забавниот производ на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, со помош на домаќинот на шоуто Филип Жура.

Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Картите по претпродажба се со цена од 150 денари и можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ. Во петок, кога ќе се игра претставата, ќе чинат 200 денари.
Бројот на влезници е ограничен, а претставата започнува во 20.00 часот.

OhridNews