Во петок, 27ми јуни, ќе исплови првиот комерцијален чартер брод на релација Охрид – Поградец. Бродот „Александрија“ ќе ја реализира првата туристичка тура во Албанија, откако деновиве во присуство на официјални претставницици од двете држави и градовите беше официјализирано воспоставувањето на долго најавуваната бродска линија Охрид – Поградец.

Бродот „Александрија“ ќе тргне од Охрид во 10 часот од градското пристаниште, а враќањето од Поградец е во 16 часот.

Цената на повратниот билет изнесува 600 денари.

Бродската линија Охрид – Поградец ќе биде чартер линија во текот на туристичката сезона.

OhridNews