Во понеделник граѓаните на Охрид ќе имаат можност уредно да ја одложат старата облека во контејнерите на Тексомак коишто се поставени на неколку локации во градот: задниот двор на Кам Вилиџ, дворот на Гимназијата, Економското училиште и ОЕМУЦ, како и во дворовите на основните училишта „Григор Прличев”, „Св. Наум Охридски”-Пештани и „Ванчо Николески”-Лескоец.

Ги замолуваме граѓаните коишто имаат потреба од облека да нѐ контактираат на зелениот телефон 076/355-327. Запомнете дека одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време, посочуваат од претпријатието.

Воедно, потенцираат дека не се одлагаат стари обувки, чанти, итн.

OhridNews