Во понеделник во 17:00 часот официјално започнува првото издание на „Музичката летна работилница“. Просториите на Младинскиот центар Охрид ќе станат креативен дом за повеќе од 40 млади учесници кои во текот на следната недела ќе творат, ќе учат од врвни ментори и ќе градат нови пријателства преку заедничкиот јазик на уметноста – музиката.

​Оваа прекрасна иницијатива не би била можна без визијата на нашиот менторски тим и безрезервната помош на заедницата. Зад реализацијата на овој проект стојат професионалци кои несебично го споделуваат своето знаење: ​Димитар Трајковски, ​Ристе Спанџов, ​Наталија Николовска и ​Игор Климовски.  Нивната мисија е преку интензивна и интерактивна работа со инструментите (саксофон, пијано, виолина, хармоника) да ги поттикнат младите таленти да го развијат својот полн потенцијал, велат организаторите.

Посочуваат дека првиот ден е резервиран за меѓусебно запознавање, дружење и поставување на темелите за една незаборавна недела.

Во текот на пет дена на учесниците ќе им биде обезбедат индивидуално менторство, практична работа и поддршка за музички развој.

OhridNews