Во тек се проекти за енергетска ефикасност на 28 објекти од здравствениот сектор, најави денес министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека заврши гасификацијата на ОБ Куманово.
Во проектот се опфатени Клиниката за физикална медицина, во Козле, ЗД во Валандово, Кратово, Крива Паланка, Неготино, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Св. Николе, Штип, Поликлиника Идадија во Скопје, УК за Психијатрија, како и повеќе здравствени институции, станици во селата Карбинци, Пештани, Белчишта, Бучин, Герман, Ранковце, Зрновци, Блатец и Извор, информира Филипче.
Додава дека завршена е гасификацијата на ОБ Куманово со што оваа здравствена установа целосно ќе се загрева со природен гас. За неполни две години оваа е втора гасификација на јавна здравствена установа. Во септември лани беше завршена гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.
Последните 4 години интензивно инвестиравме во кадар и во опрема, обидувајќи се со децении уништуваниот здравствен систем да го направиме подостапен и пофункционален како за пациентите, така и за здравствените работници, додава Филипче.
OhridNews













