Попладнево заврши првиот уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид, кој започна вчера.

Како што информираат од ФТУ, интересот за запишување на оваа високообразовна институција, е голем.

Како што и очекувавме, во првиот уписен рок се пријавија голем број кандидати од кои поголемиот дел се со постигнат висок успех во текот на средното образование, велат од ФТУ.


Највеќе интерес годинава, идните студенти покажале за запишување на насоката Безбедност и финансиска контрола, која по неколкугодишна пауза повторно стартува оваа година. Голем број пријавен кандидати има и за насоката Туризам, Осигурување, Грастрономиија и диететика, како и на Царина и шпедиција.

Прелиминарната ранг листа од првиот уписен рок ќе биде објавена на 22- ри август.

Вториот уписен рок на ФТУ- Охрид ќе се одржи на 1- ви и 2- ри септември. Доколку останат слободни места и по овој уписен рок, третиот е на 15- ти септември.

Ohridnews