Во рамки на полициската акција „Пуч“, идентификувани и приведени уште две лица кои соработувале со веќе пријавените и кои се товарат дека со употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање, како и упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги, информира МВР.

Станува збор за две лица од Скопје, едното сеуште е вработено во Министерството за внатрешни работи додека вториот работел во Министерството, но во 2013 година му е раскинат договорот. Инаку и двајцата се вработени во Министерствотово во раните деведесетти години.

Како што информираат од МВР, според досега документираните сознанија, двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финански наградени.Од првично направените проверки, имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина, но и во акции кои завршиле кај нив.

OhridNews