Во сабота акција за подигнување кабаст отпад од 8-ма Урбана единица.
На ден 18-ти декември Ј.П.„Охридски Комуналец” организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од 8-ма Урбана единица. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон, инфромираат од претпријатието.
Упатуваат апел до граѓаните кои живеат во наведените делови од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат до 18-ти декември, сабота, во утринските часови најдоцна до 8 часот на места достапни за нивните возила, со претходно пријавување на локацијата во Секторот за механизација на тел.075-495-428.
OhridNews












