Традиционалната, хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреЌно детство”, која има широк општествен карактер, Црвен крст Охрид ќе ја реализира на 02.06.2012 г. (сабота), во 11 часот.

Манифестацијата ќе започне со „главна трка” со старт од  плоштадот „Чинар”, која ќе продолжи по улицата “Македонски Просветители” се до целта на Градскиот плоштад. На терасата на комплексот Летница, паркот пред маркетот Тинекс и на Градскиот плоштад “Климент Охридски” од 11:00 – 15:30 ч. ќе се одвиваат спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини што е и целта на ова акција-промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај нашите сограѓани за солидарност, хуманост и пружање на потребната помоШ на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии.

Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, Ќе бидат наменети за набавка на соодветни производи со кои Ќе се помогне на децата од социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебарца.

Секој што ќе купи учеснички број за акцијата, кој чини 30 ден., може да се натпреварува во повеЌе спортските дисциплини: Шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Купениот учеснички број учествува во големата наградна игра со преку 100 вредни награди (седум дневно зимување на Златибор, телевизор, ДВД плеер, компјутерска галантерија), кои Ќе бидат јавно извлекувани на телевизија ТВМ на 23 јуни, од 17:30 ч. 

OhridNews