Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи состојба на катастрофа во државата Вајоминг поради пандемијата на новиот коронавирус и сега сите 50 држави во САД се во тој статус.

Според портпаролот на Белата куќа Џуд Дир, ова е првпат во историјата да е на сила состојба на голема катастрофа во сите 50 држави во исто време.

Прогласувањето состојба на голема катастрофа на сојузните и државните влади, како и на одредени непрофитни организации, го прави достапно федералното финансирање. На владите на државите исто така им е дозволено да се координираат со федералните служби за итни случаи.

Во САД досега се регистрирани 534.494 случаи на заболени, над 20.637 смртни случаи.Вирусот го победиле над 30.000 граѓани.

Ohridnews