Во шокатно финале Британецот Енди Мареј го освои мастерс турнирот во Мајами. Тој во финалето по два сати и 45 минути безпоштедна битка го совлада Шпанецот, Давид Ферер со 2-1 во сетови.

Мареј во третиот сет се врати од работ на бездната откако спаси меч топка, направи “тај брејк“ и целосно го сврти финалниот дуел во своја корист. Психичката подготвеност на Мареј дојде до израз и на крајот заслужено го освои вториот трофеј на мастерсот во Мајами.

Победата на турнирот во Мајами ќе го врати Мареј на втората позиција на ранг листата, а таму недостижен е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Мх.П.