Со богослужби и верски обичаи во Охрид и охридско денеска се одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.
По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во Скребатно, денес се одржува традиционалниот, голем црковно народен собир на кој присуствуваат неколку илјади верници.
Веќе петнаесетина години црковните одбори во кои членуваат повеќе истакнатиграѓани по потекло од скребатскиот крај трпеливо го надградуваат црковното место кое од година во година привлекува се поголем број постители
OhridNews