На региналниот пат Кичево -Охрид кај село Другово-кичевско, вчера, околу 13.30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од 63-годишно лице од с.Куклиш-Струмица и мотоцикл „Сузуки’ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 28-годишно лице од с.Зајас-Кичево.

На пат кон Клинички центар- Скопје во возило на Итна медицинска помош, возачот на мотоцикл им подлегнал на повредите.Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.

OhridNews