На крстосницата од улиците „Мaкедонски просветители“ и „7-ми Ноември“ во Охрид, вчера, во 17.20 часот, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки управувано од 35-годишно лице од Струга и велосипед, управуван од 51-годишно лице од Пустец – Албанија.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

OhridNews