Во сообраќајна незгода што се случи вечерва на булеварот “Туристичка”, во близина на кружниот тек пред пазарот, оштетени се 4 возила.

Во незгодата, за среќа, нема повредени, а причинета е поголема материјална штета.

Како што неофицијално дознаваме, од засега непознати причини, патничко моторно возило изгубило контрола и удрло во три паркирани возила, предизвикувајќи поголема материјална штета.

Во тек е увид на местото на незгодата.

Г. М.