На улицата „Јане Сандански“, вчера, во 14.45 часот, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишен охриѓанец, удрило во пешак, 67- годишна жена од Охрид.

Во незгодата жената се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница каде и била укажана лекарска помош. На понатамошно лекување е пратена и задржана во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews