Фондацијата „Метаморфозис“ и Мисијата на ОБСЕ на 14-ти октомври 2015 во Струга ќе организираат Обука за справување со говорот на омраза во медиумската сфера наменета за уредници, новинари и администратори на веб-портали. 

 

 

Целта на обуката е да придонесе кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во синергија со Сервисот за проверка на факти од медиумите.

 

Освен во Струга вакви еднодневни обуки ќе се одржат и во Скопје и во Струмица.

OhridNews