Желбата за обезбедување подобри услови за живот и развој на младите, обезбедување стабилно општество отпорно на радикални наративи и говор на омраза, како и промоција на позитивните вредности за изградба на психофизички здрава младина, е целта на Меморандумот кој денес беше потпишан во Струга во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование за млади за борба против радикализација (Младите против насилство). Меморандумот го потпишаа проектните партнери Здружение на граѓани „Иницијатива за европска перспектива“ , НЕКСУС – Граѓански концепт, Здружение за развој и активизам „АКВА Струга“ и Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово со градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко, како и директорот на средното училиште „Ибрахим Темо“, Бесиме Јонузи и директорот на училиштето „Нико Нестор“, Кети Јанковска од Струга.
Струга е препознатлива по соживот, град каде се почитуваат различностите и се негуваат. Како Општина заедно со училиштата во континуитет работиме на мултикултурализмот. Ваквите проекти се надополнување на нашата работа и секогаш се добредојдени. Чест ми е што соработуваме со невладиниот сектор и секој со својата улога ќе се стремиме нашиот град да биде симбол на толеранција, почитување и прифаќање на различностите и културите“, истакна Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.
Проектот е насочен кон градење психо-физичка младина која ќе биде отпорна на радикални идеологии. Според проектниот директор на „Платформата за граѓанско образование за млади за борба против радикализација Валерија Соколва-Стојановска приоритетите во рамки на проектот се создавање позитивни вредности, меѓукултурна соработка и социо-економски активности за развој на заедницата.
За остварување на целите и резултатите на проектот, потребна е и институционална поддршка во процесот на превенција. Поддршката од општините, училиштата и другите релевантни институции е клучна во процесот на превенција од радикализација и обезбедувањето услови за раст и развој на младите во заедницата во која живеат и дејствуваат“, изјави Соколова – Стојановска.
OhridNews













