Во струшкото селото Нерези на 25 јули (сабота) ќе биде осветен новоизградениот православен храм „Свети Никола“, настан што ќе ги собере верниците и гостите од поширокиот регион.

Свеченостите ќе започнат во 7:30 часот со утрена богослужба, по што во 8:30 часот е предвиден пречек на Неговото Високо Преосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Во 8:45 часот ќе следува чинот на осветување на новоизградениот храм, по што ќе биде отслужена света архиерејска литургија, информираат од Црковниот одбор.

По завршувањето на богослужбата и осветувањето, организаторите најавуваат културно-уметничка програма со настап на познати македонски естрадни уметници, како и свечен ручек за присутните.

Од Црковниот одбор ги покануваат сите верници и добронамерници да присуствуваат на овој значаен духовен настан за заеднички да се одбележи осветувањето на новиот храм „Свети Никола“ во Нерези.

OhridNews