Мобилните царински тимови при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, извршена на патниот правец Струга-Дебар, деновиве, откриле 83,2 литри шампон (208 туби по 400 мл) со ознаки на заштитена трговска марка. Против возачот, македонски државјанин, кој не поседувал документи за потекло на стоката и платени царински давачки, ќе биде поведена прекршочна постапка, а за стоката ќе биде поведена постапка за утврдување на оригиналноста, соопшти Царинската управа. 

При контрола извршена исто така деновиве, на патниот правец Охрид – Ресен, мобилните царински тимови во патничко моторно возило откриле 230 готови текстилни производи (капи и шалови). Возачот, македонски државјанин не поседувал документи за потекло на стоката и платени царински давачки, информираат од Царинската управа.

OhridNews