На иницијатива на Студентскиот Парламент при УИНТ “Св. Апостол Павле”, денес со почеток во 18 часот, во рамки на Универзитетот, официјално ќе започне одржувањето на „ Недела на Едукација за компјутерска наука“ на тема „ Еден час по кодирање“.

Со овој настан универзитетот “Св. Апостол Павле” се вклучува во интернационалната недела која се одржува низ целиот Свет со една единствена цел, да им се даде можност на сите луѓе од 6 до 106 години, да можат да се едуцираат на теми од областа на компјтерските науки.

Неделата на едукација за компјутерска наука ќе трае до недела, 15- ти декември.

Настанот ќе се одвива во универзитетските простории на „ Св. Апостол Павле” и ќе биде отворен за сите граѓани.

OhridNews