Во селото Требеништа во тек се активности за изградба на повеќенаменско игралиште – балон сала. Според проектот,  првата фаза која опфаќа изработка  на челична  конструкција и покривање  предвидено е да заврши до крај на август .

Со изградбата на овој објект општина Дебарца  ќе добие покриена спортска сала со која ќе се подобрат условите за поактивно спортување на месното население како и за одржување на културни манифестации.

OhridNews