Тече рокот за поднесување пријави за доделување на највисокото општинско признание – Награда Св. Климент Охридски, патрон на градот, и Повелба Св. Климент Охридски, патрон на градот што традиционално го распишува Општина Охрид, по повод 8 Декември, Денот на Св. Климент Охридски – Чудотворец.
Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Северна Македонија и светот.
Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Северна Македонија и во светот, во период од една година.
Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.
Наградата “Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Конкурсот трае до 21 ноември.
Пријавите да се достават на адреса: ул. “Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”), информира локалната самоуправа.
OhridNews












