Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од струшкото село Радолишта.

  • Казненото дело го извршило на 17 овој месец на локален пат пред селото Долна Белица кога со патничкиот автомобил што го управувал и го попречил патот на 19-годишна девојка, по што се случила вербална расправија со 23-годишно лице кое било повикан на местото на настанот. Меѓусебна расправија набрзо прераснала во физичка пресметка, по што, во еден момент пријавениот со нож го прободил другото лице во пределот на слабината, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
  • OhridNews