Вчера околу 14,30 часот на магистралниот пат Охрид– Кичево, кај село Врбјани, П.Н.(37) од Охрид, управувајќи патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки излетал од патот, по што возачот починал на местото на настанот, информира МВР.

Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

OhridNews