Според информациите на портпаролот на СВР- Битола, Ѓоко Стрезовски, во сообраќајна несреќа која околу 11 часот и 30 минути се случила на магистралниот пат Прилеп- Битола, животот го загуби 29 годишниот Игор Петрески од охридското село Долно Коњско. Неговиот сопатник, 61- годишниот Наумче Стојкоски се здобил со тешки телесни повреди и најпрво бил пренесен во Прилепската болница, а потоа поради сериозноста на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.

– До несреќата дошло кога од засега неутврдени причини патничкото возило марка Фолксваген со охридски регистерски таблички, управувано од Игор П. преминало на левата коловозна лента и, според исказот на две лица кои биле сведоци на настанот, се движело по неа 20-тина метри. Потоа преминало на земјиното проширување покрај патот, наеднаш свртело на десната страна од коловозот и се превртело, информира Стрезовски.

Екипи на полицијата, заменик јавен обвинител и дежурен истражен судија извршија увид на местото на несреќата.

OhridNews