На  25 Ноември во Тирана Албанија , министрите од петте земји од Дримскиот Басен ќе стават свој потпис на долги години подготвуваата активност за заедничко управување на басенот на реката Дрим, во кое ќе учествуваат петте земји кои го делат басенот Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Грција.

Приказната за прекуграничен проект за Дрим започна како идеја во Охрид во 2006 година , продолжи со иницијална презентацијата We have a dream (Дрим) што ја одржав во 2008 година во ООН во Женева , се имплементира преку Дримскиот дијалог и еве ја целта, потпишувањето на Договорот за заедничка визија. Договорот е политичка платформа на која ќе се надоврзат активности во басенот а зад кои веќе застанува и меѓународната заедница. Работата ,посветеноста и вербата донесоа успех, остварена е идејата и мисијата ” – вели Дејан Пановски ,еден од иницијаторите на процесот и член на Кор групата за Дрим.

Како претходница на церемонијата на потпишувањето на Договорот , на 24 ноември работна средба ќе одржи Кор групата за Дрим ,која низ Дримскиот Дијалог а и според Договорот е главниот двигател на активностите  , на која ќе се донесат неколку одлуки важни за почеток на имплементацијата на активностите во Дримскиот Басен

На работна средба ќе биде донесена стратегијата за комуникација со јавноста, ќе биде утврдено логото на Дримскиот басен чиј главен елемент ќе биде јагулата и ќе биде дадена задача за формирање на експертски групи од разни области со цел за вклучување на сите надлежни институции и јавноста во управувањето .Како можеби најважно ќе се разгледа доставениот предлог проект за адаптација на климатските промени во Дримскиот басен што ќе биде  прва голема инвестиција од страна на Германската влада заедно со инвестицијата за заштита на биодиверзитетот. Веднаш добар старт и добар момент е круцијално пред предизвиците што ќе произлезат“, додава Пановски.

Активностите согласно планот и изговената предвидуваат сериозно навлегување во процес на ревизија на  стари договори кои се пречка за управување со басенот и со нивото на езерата. Ќе се утврдуваат  водените биланси , прилагодувањето со потребата  на енергетските капацитети во сливот ,борбите против сушите и поплавите, како и зачувувањето на еколошките вредности и туристичката валоризација на басенот.

OhridNews