Наредните два дена во Тирана , ќе се одржи деветтиот работен состанок на Дрим Кор Групата на кој ќе се разгледуваат досегашните активности и носат одлуки за наредниот период на имплементација . На состанокот се очекува да се презентира и одобри Финалната стратешка рамка на големиот ГЕФ проект за заедничко управување со Дримскиот Басен, што беше одобрен од Советот на Глобалниот Еколошки Фонд, како и да се презентираат извештаите за актуелните проекти за биодиверзитет и за Биосферен резерват кои се одвиваат во рамките на Дримскиот Басен.

Со оглед на фактот дека имплементационата фаза на новиот ГЕФ проект треба да започне во првиот квартал на 2014 година сега се поставуваат плановите за активности по компоненти и се дефинираат буџетските рамки. На овој состанок на Дрим Кор групата ќе се избере и бренд име на процесот за негова визуелна идентификација која ќе помогне во вклучување на целата јавност во процесот на управување.Ова е момент на силна политичка и меѓународна поддршка и мора да се искористи за да почне да се решаваат клучните прашања во дримскиот басен и заштитата на езерата во него“ – вели Дејан Пановски,член на Дрим Кор Групата.

Истовремено во Тирана ќе се одржи и Конференција на сите засегнати страни од Дримскиот Басен на која ќе се презентира имплементацијата на Меморандумот за разбирање , координацијата на националните имеѓународните факториво процесот и разманата на информации меѓу сите пет земји од Басенот. На Конференцијата ќе учествуваат високи политички преставници на надлежните министерства , од локалните самоуправи од Басенот, експерти ,преставници на науката и на невладиниот сектор и водечките преставници на меѓународните организации кои се поддршка на Дримскиот процес.

OhridNews