Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, во рамките на одбележувањето на Неделата на животната средина, утре, во соработка со Нуркачкиот центар Амфора организира акција за чистење на цврст отпад од дното на Охридското Езеро  на локација кај  населбата Трпејца.

Поради подигање на јавната свест кај населението, ќе бидат поделени и флаери. Презентацијата на проектот ќе се оддржи во местото Надол кај Трпејца во 12 часот.   

OhridNews