Во градот Варна во Бугарија е уапсен најбараниот шпански трговец со дрога. Тој бил уапсен пред да патува за Венецуела, а имал клучна улога во криминалната организација која Шпанија и остатокот на Европа ја снабдувала со кокаин од Јужна Америка и која била вмешана во перење на пари.

За него била распишана потерница уште во 2013 година, а откриен е откако специјалните агенти дознале дека се крие во Варна и оти го сменил личниот опис, здебелувајќи се повеќе од 50 килограми.

OhridNews