По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, од Дебарско-кичевската епархија информираат дека денес, 7 август, со почеток во 19 часот,  во манастирот „Света Петка“, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба. На 8 август , петок, во истиот манастир, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8.30 часот.

Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света Петка“, ќе се служи во црквата „Света Петка“ во манастирот Свети Наум Охридски, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите други парохиски цркви во Охрид.

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, Охрид, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 8 август 2014 година (петок) – вечерта, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чу-дотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, ќе се служи пра-знична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимо-теј, со почеток во 19 часот.

На 9 август 2014 година (сабота), во манастриот „Свети Кли-мент и Пантелејмон“, на Плаошник, Охрид, ќе се служи света архи-ерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Кума-новско-осоговски г. Јосиф и митрополитот Европски г. Пимен.

OhridNews