Во сабота, 25-ти февруари во 19 часот, во Домот на културата во Вевчани премиерно ќе биде изведена претставата „Девојчето и дванаесетте месеци” од патувачкиот театар “Поклони се и падни”.

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ работи во рамките на Здружението – КУД „Дримкол“ од Вевчани, кој успешно работи и  зад себе има реализирано многу бројни претстави. Словачката народна приказна е работена според адаптираното сценарио на Љубица Баткоска, а е во режија на Душко Кукоски.

Улогите ги толкуваат: Маре – Ева Костојчиноска, Таткото – Душко Кукоски, Маќеата – Даниела Маретиќ, Злата – Александра Плушкоска, Јануарко – Душко Кукоски, Февруарко – Елизабета Шекуткоска, Баба Марта – Наташа Кукоска. Останатите месеци се членови на фолклорниот ансамбал при КУД „Дримкол“.

OhridNews