Во Струга на улицата „Вељко Влаховиќ“, вчера, од страна на полициски службеници од станицата во Струга било сопрено патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистерски ознаки управувано од 20-годишен стружанец.

По извршеното легитимирање и преглед над возилото и возачот во најлонска кеса биле пронајдени 15 мали најлонски паковки со непозната зелена тревкаста материја и една хартиена паковка со непозната зелена тревкаста материја во паричникот на стружанецот.

Од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга било извршено фотографирање и истите биле подигнати за понатамошна постапка, а лицето било приведено. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по добиена судска наредба од Основен Суд Струга, извршен е претрес во домот и помошните пристории на лицето. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews